Што е ГПРО?
Гран При Онлајн е бесплатна веб игра за менаџмент на мотоспорт тим, кадешто добивате контрола врз ваш тим. Започнувајќи со основен болид можете да се обдете да стигнете до највисокиот ранг и да станете менаџер кој ќе ја освои титулата во Елит групата
Како во Формула 1 или во друг мотоспорт, ќе треба напорно да работите за да бидете успешни во оваа менаџерска игра. Ќе има многу работи за кои ќе треба да се грижите, како ангажирање на возач, технички директор, подесување на вашиот болид за квалификации и трка, управување со персоналот и објектите, преговарање со спонзори и многу други работи.
Има 17 трки по сезона, две трки во една недела, и можите да трошите и само еден час во една недела за да го управувате вашиот тим. Но како и со повеќето работи, колку повеќе се трудите, толку повеќе добивате од тој дополнителен труд, на пример со одбирањето на вашиот возач или со подготовката на вашиот болид, тоа може да биде одлучувачки фактор дали ќе се промовирате или ќе испадните.
Имате можност да ги гледате трките во живо и да уживате во разговорот со останатите менаџери од вашата група и од другите, да го следите вашиот возач низ секоја трка, како и да ја одберете најдобрата стратегија според вашиот возач временските услови. Можите да креирате тимови со вашите пријатели или пак со луѓе од сите страни на светот кои претходно не сте ги сретнале и заедно да се натпреварувате за тимската титула. Сето ова може да се направи преку обичен веб прелистувач од вашиот дом или работно место во било кое време! Нема потреба ништо да се спушта воопшто.
ГПРО е во континуиран развој, и од таа причина ние сме отворени за предлози од нашите играчи. Ова може да се направи во преку нашите форуми, или преку сопствениот внатрешрн систем на Приватни пораки. Секогаш има и голем број на луѓе онлајн, кои ќе ги прочитаат вашите мислења и ќе ги споделат нивните мислења скоро на секоја тема, а постои и Ф1 форум!
Ако сте голем фан на Формула 1 и мото спортовите, сакате да бидете дел од една голема и пријателска заедница, уживате дискутирање на Ф1 трките со луѓе од целиот свет, и сакате менаџмент игри, тогаш аплицирајте без надоместок и бидете дел од фантастичната игра!
Приклучи се сега!